Јенс Столтенберг: Од Авганистан ќе се повлечеме во вистинско време заедно со САД

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека тогаш кога ќе дојде вистинското време за тоа ќе се повлечат од Авганистан заедно со Соединетите Американски Држави (САД)

1506002
Јенс Столтенберг: Од Авганистан ќе се повлечеме во вистинско време заедно со САД

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг на одржаната прес-конференција по одржаната средба со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во штабот на НАТО, меѓу другото одговараше и на прашањето во врска со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за порано повлекување на војниците на САД од Авганистан од претходно соопштениот календар.

Столтенберг истакна дека тогаш кога ќе дојде вистинското време за тоа ќе се повлечат од Авганистан заедно со Соединетите Американски Држави (САД).

Велејќи дека НАТО се наоѓа во Авганистан за да спречи оваа земја уште еднаш да се претвори во терористичко гнездо, Столтенберг потсети дека НАТО се наоѓа во Авганистан поради реализираниот напад во САД на 11 септември 2001 година.

Тој потсети дека го поддржуваат мировниот процес во Авганистан помеѓу Владата и Талибан, а воедно потсети дека во рамките на мировните напори своите војници во оваа земја пред кусо време од 100 илјади е намален на 12 илјади.

Инаку, американскиот претседател на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Малиот број наши храбри војници кои ја проодлжуваат својата задача во Авганистан, до Божиќ треба да бидат во своите домови.“



Слични вести