Илхам Алиев се обрати до нацијата: Нашите територии ќе ги земеме или по мировни патишта или со војна

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата рече: „ „Непријателот е во паника, ги принудивме на мир. Ние нашите територии ќе ги земеме или по мировни патишта или со војна. Веќе нема статус кво, контакт линија.“

1506251
Илхам Алиев се обрати до нацијата: Нашите територии ќе ги земеме или по мировни патишта или со војна

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата го нагласи успехот којшто се постигнува на теренот против Ерменија и истакна дека ќе бидат заземени окупираните територии на земјата.

Велејќи „Непријателот е во паника, ги принудивме на мир“, Алиев рече: „Ние нашите територии ќе ги земеме или по мировни патишта или со војна. Веќе нема статус кво, контакт линија.“

„Ние сакаме да не се пролева крв. Излезете од нашите територии. Ние ќе ги земеме нашите територии. Сакам да не ја испуштат оваа историска шанса.“ - порача Алиев.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата во врска со средбата којашто се одржува на покана на рускиот претседател Владимир Путин во Москва помеѓу министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, го рече следното: „Доколку по разговорите во Москва (ерменските функционери) направат измамништво, самите ќе се покајат. Ќе ги земеме нашите територии. Ние сакаме да ги земеме по мировни патишта.“



Слични вести