Азербејџанското Министерство за одбрана: Сѐ се одвива според планот на операцијата

Портпаролот на азербејџанското Министерство за одбрана потполковник Анар Ејвазов истакна дека продолжува со одлучност операцијата којашто ја започна азербејџанската армија за ослободување на своите територии

1505665
Азербејџанското Министерство за одбрана: Сѐ се одвива според планот на операцијата

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека сѐ се одвива според планот на операцијата и дека правецот е Карабах.

Портпаролот на азербејџанското Министерство за одбрана потполковник Анар Ејвазов истакна дека продолжува со одлучност операцијата којашто ја започна азербејџанската армија за ослободување на своите територии.

Ејвазов истакна дека вчера во областа во близина на ерменско-азербејџанската граница од страна на азербејџанските единици за противвоздушна одбрана е срушено едно беспилотно летало во сопственост на Ерменија и дека со отворениот топовски оган е нанесен голем удар врз воената инфраструктура и магацините за мунција на Ерменија.

Ејвазов напомена дека со стопроцентно прецизни топовски истрели е разнесен еден воен конвој на ерменската армија којашто ги ставила во примена активностите за промена на својата позиција. 

Велејќи дека во различни делови на фронтовата линија се уништени оружја и муниции на ерменската армија, Анар Ејвазов воедно информира дека дезертирале и војниците на првиот и седмиот полк на ерменската армија.

Тој рече дека ерменските сили кои се соочија со пораз извршуваат напади со ракети Точчка-У врз некои градови и дека во овие напади има загинати и ранети азербејџански цивили.

Портпаролот на азербејџанското Министерство за одбрана потполковник Анар Ејвазов подвлече дека сите погодени цели од страна на азербејџанската армија се воени цели, законски цели во усогласеност со меѓународните правила и го додаде следното: „Азербејџанската армија нема никаков проблем со опрема. Нашата армија не е повлечена ниту чекор од ослободените области од окупација до денеска од денот кога го започна противнападот. Спротивно на тоа, сѐ продолжува во усогласеност со планот на операцијата. Правецот е Карабах, Победата е наша.“



Слични вести