Азербејџанската армија ги ослободи од окупација градчето Хадрут и неколку околни села

Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека се операцијата на азербејџанската армија проодлжува и дека се ослободени од ерменска окупација градчето Хадрут и неколку околни села

1506252
Азербејџанската армија ги ослободи од окупација градчето Хадрут и неколку околни села

Азербејџанската армија ја продолжува започнатата операција за ослободување на окупираните територии.

Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека се операцијата на азербејџанската армија продолжува и дека се ослободени од ерменска окупација градчето Хадрут и неколку околни села.

Во операцијата се уништени и голем број тенкови и оклопни возила на ерменската армија.

Министерството сподели снимки снимени од воздух од моментите на погодување и уништување на ерменските тенкови и оклопни возила. 

На снимките се гледа како со стопроцентно прецизен погодок се уништуваат подредени ерменски тенкови и оклопни возила кои во редица се спремаат за напад.

Азербејџанската армија уништи во воздух и балистичка ракета истрелана од страна на ерменската армија врз градот Мингечевир.

Ерменија и на 5 октомври истрела ракета врз областа кадешто се наоѓа хидроелектрична централа во индустрискиот град градот Мингечевир 

Во меѓувреме, во градот Џебраил и во околните села кои се ослободени од окупација се виорат азербејџански знамиња.

На споделените снимки од страна на азербејџанското Министерство за одбрана се гледа како ерменската армија во селата во околината на градот Џебраил ги остава своите возила и бега.

Во населените места кои во периодот на окупација којшто траеше долги години беа претворени во рушевини веќе се виорат азербејџански знамиња поставени од страна на ослободителните азербејџански војници.

 



Слични вести