Бројот на загинатите азербејџански цивили во ерменските напади се зголеми на 31 лице, 154 се ранети

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека бројот на загинатите азербејџански цивили во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 8 октомври во 13:00 часот се зголеми на 31 лице, а 154 лица се ранети

1505395
Бројот на загинатите азербејџански цивили во ерменските напади се зголеми на 31 лице, 154 се ранети

Бројот на цивилите кои загинаа во нападите коишто ги реализира Ерменија со топови и ракети врз азербејџанските населени места, се зголеми на 31 лице, а бројот на ранетите достигна до 154 лица.

Главното јавно обвинителство на Азербејџан, го соопшти билансот на човечките и материјални загуби до коишто дојде поради нападите кои што се реализирани од страна на Ерменија од 27 септември до 8 октомври во 13:00 часот.

Според соопштението во наведениот период животот го загубија 31 цивилно лице, а 154 азербејџански цивили се ранети.

Во ерменските напади се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 928 куќи, 45 повеќеспратни згради и 133 јавни згради.

Во меѓувреме, азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев соопшти дека е уништен нракетен систем „Град“ на ерменската армија од чија страна бил отворен оган врз азербејџанските цивилни населени места.

Хаџиев истакна дека со уништувањето на овој ракетен систем „Град“ се спасени животите на голем број цивили.



Слични вести