Русија: „Обврските согласно Договорот за колективна безбедност не важат за Карабах“

Песков потсети дека Путин изјави дека се загрижени за она што се случува во Карабах

1504689
Русија: „Обврските согласно Договорот за колективна безбедност не важат за Карабах“

 

Русија соопшти дека обврските согласно Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) не важат за Карабах.

Портпаролот на руската претседателска палата (Кремљ) Дмитриј Песков даде изјава за новинарите во врска со судирите што избувнаа во регионот Карабах во Азербејџан поради ерменските напади (кои започнаа на 27 септември).

Во освртот на можноста Русија да испрати воени трупи во регионот Нагорно Карабах во рамките на ОДКБ, Песков рече:

„Доколку земјата-членка на ОДКБ е изложена на агресија, земјите членки на организацијата имаат обврска да ја бранат оваа земја“.

Песков потсети дека рускиот претседател Владимир Путин во изјавата по прашањето рече:

„Обврските од делокругот на ОДКБ не важат за Карабах“.

Путин изјави дека се загрижени за она што се случува во Карабах, потенцирајќи дека „Во рамките на ОДКБ имаме одговорности кон Ерменија, но судирите не се случуваат на територијата на Ерменија“.



Слични вести