Путин. „Судирите не се случуваат на териториите на Ерменија“

Ние сме многу загрижени затоа што Азербејџан, Ерменија и Нагорно-Карабах, сите луѓе што живеат тука, не се странци за нас

1504695
Путин. „Судирите не се случуваат на териториите на Ерменија“

 

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека согласно обврските на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), Русија секако дека има одговорности кон Ерменија, но судирите не се случуваат на територијата на Ерменија.

Путин во интервјуто за рускиот државен канал „Росија 24“ за судирите што започнаа во регионот Карабах во Азербејџан поради ерменските напади рече дека случувањата во Карабах се „трагедија“.

"Ние сме многу загрижени затоа што Азербејџан, Ерменија и Нагорно-Карабах, сите луѓе што живеат тука, не се странци за нас. Околу 2 милиони Азербејџанци и многу повеќе Ерменци живеат во Русија. Многу руски граѓани одржуваат пријателски и сродни односи со овие земји. Секако дека тоа е многу голема трагедија. Луѓето умираат. Има големи загуби од обете страни “.

Изјавувајќи надеж дека судирите наскоро ќе завршат, Путин рече:

„Ние повикуваме на прекин на огнот што е можно поскоро“.

Рускиот лидер потсетувајќи дека Ерменија е членка на ОДКБ додаде:

"Имаме одредени одговорности кон Ерменија во рамките на овој договор. Овие судири не се случуваат на територијата на Ерменија. Русија секогаш ги исполнува своите одговорности во рамките на договорот. Јас сум во постојан контакт со премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан. Русија нема никакви проблеми во врска со исполнувањето на своите одговорности како сојузник“.



Слични вести