Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 215 илјади 836 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 7 милиони 724 илјади

1504260
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 054 илјади 710 лица, на случаите на зараза изнесува над 36 милиони 053 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 27 милиони 156 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 215 илјади 836 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 7 милиони 724 илјади. По инфектирањето на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп расте бројот на случаите на зараза во Белата куќа и како што е соопштено како последно позитивен тест на Ковид-19 имал и Стивен Милер, едниот од високите советници на претседателот Трамп.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 147.571 лице, а на случаите на зараза изнесува 4 милиони 970 илјади 953 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 471 лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 82.348, додека со регистрирани 4.828 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 794.608 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 42.445 лица, а на инфектираните изнесува 530.113 лица.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 36.030 лица, а на случаите на зараза достигна до 330.263. 

Во Франција, бројот на починатите се искачи на 32.365, а на случаите на зараза на 634.763 лица. 

Во Шпанија, во последната една недела од Ковид-19 починаа уште 484 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 32.486 лица. Во изминатите 24 часа пак, се регистрирани 11.998 нови случаи со што бројот на инфектираните во земјата достигна до 865.631 лице. Во главниот град Мадрид кадешто се регистрираат најголем број случаи на зараза две недели како се применуваат дополнителни превентивни мерки и како последно е постигнат прелиминарен договор за проширување на овие мерки на територијата на целата земја, а поготово во сите општини кои бројат повеќе од 100 илјади жители и во оппштините во кои со новите случаи процентот на исполнетост во одделенијата за интензивна нега во болниците е висок.

Во Португалија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 14 лица, а се регистрирани 427 нови случаи. На тој начин вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 2.032, а на случаите на зараза на 80.312 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 8 починати, а се регистрирани 225 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 768, а на инфектираните од овој вирус во Северна Македонија се искачи на 19.096 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 6 милиони 757 илјади 131 инфектирано лице е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 104.591 лице.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 21.663, а на случаите на зараза изнесува над 1 милион 237 илјади 504 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 27.419 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 479.825. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.535 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 316.351.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 36.885 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 534 илјади 494.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 17.103, а потоа следуваат Египет со 6.001, Мароко 2.410, Алжир 1.768, Етиопија 1.238, Нигерија 1.113, Судан 836, Кенија 743, Камерун 420 починати.



Слични вести