Ерменската армија реализира ракетен напад врз нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека ерменската армија синоќа околу 21:00 часот по локално време реализира ракетен напад врз делот од нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан (БТЏ) којшто поминува низ градот Јевлах

1504206
Ерменската армија реализира ракетен напад врз нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан

Ерменската армија реализира ракетен напад врз нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан (БТЏ).

Во објавеното соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека ерменската армија синоќа околу 21:00 часот по локално време реализира ракетен напад врз делот од нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан (БТЏ) којшто поминува низ градот Јевлах.

Во соопштението се вели дека нападот е спречен од страна на азербејџанската армија.

Во истото соопштение се нагласува дека нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан (БТЏ) е голем стратешки проект којшто одигрува значајна улога во енергетската безбедност на Европа.

Нападот на ерменската армија е окарактеризиран како „терористички акт“.



Слични вести