Борел: Проблемот Нагорно Карабах може да се реши само со напорите на Групата Минск на ОБСЕ

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека проблемот Нагорно Карабах може да се реши само со напорите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ)

1504751
Борел: Проблемот Нагорно Карабах може да се реши само со напорите на Групата Минск на ОБСЕ

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел учествуваше на седницата на Генералното собраните на Европскиот парламент посветена на ситуацијата во Нагорно Карабах и за судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Борел ги информираше европратениците и истакна дека проблемот Нагорно Карабах може да се реши само со напорите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Нагласувајќи дека Европската унија (ЕУ) чувствува голема загриженост од судирите во Нагорно Карабах, Борел потсети дека се упатува повик за што поскоро стопирање на судирите, постигнување прекин на огнот и враќање на страните повторно на преговорите. 

Борел рече дека преговорите во последните 30 години не беа успешни, но дека не може да има и воено решение за проблемот.

Укажувајќи на значењето од враќање на преговори под покровителство на копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Борел  информира дека по прашањето досега водел телефонски разговори со своите азербејџански и ерменски колеги, а исто така разговарал и со министрите за надворешни работи на Турција и Русија Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров.

Жозеп Борел истакна дека пристигнуваат вести за напади врз места со цивилно население и го рече следното: „Судирите стануваат причина за гинење на цивили. Ги повикуваме страните да ги исполнат своите меѓународни обврски.“

Велејќи дека не располагаат со повеќе информации за случувањата во подрачјето, Борел  појасни дека е сопрена мисијата на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) за набљудување на случувањата на теренот и дека освен тоа од областите на судирите пристигнуваат и голем број неосновани вести. 

Тој укажа на значењето од внимателно испитување и потврдување на вестите коишто пристигнуваат Нагорно Карабах.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел појасни дека копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) оваа недела ќе се состанат со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, а воедно напомена дека проблемот може да се реши само со напорите на Групата Минск.

 



Слични вести