Азербејџанскиот претседател Алиев оствари телефонски разговор со рускиот претседател Путин

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го побара по телефон рускиот претседател Владимир Путин на кого му го честита роденденот, а тема на разговорот беше и ситуацијата во Нагорно Карабах

1504587
Азербејџанскиот претседател Алиев оствари телефонски разговор со рускиот претседател Путин

Рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев остварија телефонски разговор, а тема на разговорот секако беше ситуацијата во Нагорно Карабах.

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, претседателот Алиев го побара по телефон рускиот претседател Владимир Путин на кого му го честита роденденот.

Двајцата лидери Алиев и Путин разговараа за ситуацијата во Нагорно Карабах, а воедно разменија мислења и во врска со билатералните односи помеѓу Азербејџан и Русија.



Слични вести