Азербејџанската армија од 27 септември до 7 октомври уништи 250 ерменски тенкови и оклопни возила

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека од 27 септември до 7 октомври се уништени 250 ерменски тенкови и оклопни возила, 270 топови и ракетни системи, 60 противвоздушно одбранбени системи, 11 командни центри, 8 магацини за муниција

1504389
Азербејџанската армија од 27 септември до 7 октомври уништи 250 ерменски тенкови и оклопни возила

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека азербејџанската армија продолжува да напредува и да ги уништува позициите на ерменските сили.

Во досегашните судири се неутрализирани голем број ерменски војници, а се уништени и воена опрема и оружја на ерменската армија.

Во објавеното соопштение од азеребјџанското Министерство за одбрана се истакнува дека во операцијата којашто ја започна азербејџанската армија за ослободување на окупираните територии досега се уништени 250 ерменски тенкови и оклопни возила.

Во соопштението се вели следното: „Азербејџанската армија од 27 септември до 7 октомври уништи 250 ерменски тенкови и оклопни возила, 270 топови и ракетни системи, 60 противвоздушно одбранбени системи, 11 командни центри и центри за следење, 8 магацини за муниција, приближно 150 воени камиони и возила, еден ракетен систем С-300.“

Во меѓувреме, судирите на ерменско-азербејџанската фронтова линија продолжија и во текот на целата ноќ.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, азербејџанската армија со цел да ги прошири своите успеси коишто ги постигнува во последните неколку дена продолжува да реализира операции од различни страни на фронтовата линија.

Во текот на целата ноќ беа реализирани взаемни топовски истрели на ерменско-азербејџанската фронтова линија.

Од страна на азербејџанските топовски единици се уништени командниот центар за следење на 5. полк на ерменската армија, еден тенк и 3 топа.

Во едно друго објавено соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека ерменската армија утрово отворила оган врз целата кај градовите Тертер, Берде, Агдам, Агџабеди, Фузули и Џебраил, на што било одговорено и од страна на азербејџанската армија. 

 



Слични вести