Американскиот пратеник Чабот: „Турција е многу значајна и силна земја“

Турција отсекогаш била многу важен сојузник за САД

1504705
Американскиот пратеник Чабот: „Турција е многу значајна и силна земја“

Пратеникот на Републиканската партија во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД)  од Охајо и копретседател на групата за пријателство меѓу Турција и САД Стив Чабот, рече дека Турција е многу важна и силна земја.

Чабот, кој учествуваше на онлајн панелот организиран од страна на Турско-американскиот национален управен комитет (ТАСЦ), потенцираше на важноста на турско-американските односи и рече дека двата сојузници на НАТО се многу значајни едни за други.

Чабот, кој исто така е и член на Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом, рече:

„Турција отсекогаш била многу важен сојузник за САД. Моментално, откупот на пакетот за противвоздушна одбрана од Русија предизвика загриженост во Пентагон и Конгресот. Треба да го надминеме ова. Турција е многу важна и силна земја. Ние во НАТО сме сојузници и пријатели, гледано од тој аспект мислам дека треба да го надминеме овој проблем“.

Чабот укажа на значењето на Турција како важен сојузник во НАТО, потенцирајќи дека два важни сојузници како што се САД и Турција, во период на зголемена несигурност, во обезбедувањето на регионалната безбедност исто така, играат многу важна улога.

Американскиот пратеник  по повод поддршката во борбата против новиот вид на коронавирус изрази благодарност на Турција и турскиот народ.



Слични вести