Во терористички напад со камион бомба во градот Ал Баб на северот на Сирија загинаа 14 цивили, а 50 мина се ранети

Во центарот на Ал Баб чие подрачје беше исчистено од тероризмот со реализираната прекугранична операција Еуфратски штит, на едно прометно место коешто се користи интензивно од страна на цивилите, експлодира камион бомба

1504016
Во терористички напад со камион бомба во градот Ал Баб на северот на Сирија загинаа 14 цивили, а 50 мина се ранети

Во реализиран напад со камион натоварен со бомби во градот Ал Баб во северниот дел на Сирија, загинаа 14 цивили, а 50 мина се ранети.

Во центарот на Ал Баб чие подрачје беше исчистено од тероризмот со реализираната прекугранична операција Еуфратски штит, на едно прометно место коешто се користи интензивно од страна на цивилите, експлодира камион бомба.

Во овој терористичлки напад, според добиени информации, загинаа 14 цивили, а 50 мина се ранети. Меѓу загинатите и ранетите има и жени и деца.

Здравствените екипи кои пристигнаа на местото на експлозијата ранетите ги префрлија во болниците во градот Ал Баб.

Екипите за цивилна одбрана (Белите беретки) кои дојдоа на местото на експлозијата ги извлекоа затрупаните цивили под рушевините.

Се стравува од зголемување на бројот на загинатите и ранетите.

По експлозијата беше причинета голема материјална штета на еден широк простор наоколу.

Во експлозијата до којашто дојде завчера исто така во центарот на градот Ал Баб во еден контролен пункт на локалните безбедносни сили, загинаа 2 лица, а 7 мина беа ранети.

Локалните безбедносни сили кои извршија испитување на местото на експлозијата стојат на можноста нападот да е реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Инаку, ЈПГ/ПКК кои ја продолжува окупацијата во подрачјата на Тел Рифат и Менбич, оттука често реализира терористички напади врз подрачјата на Ал Баб, Азез, Џераблус и Африн.

Турските вооружени сили (ТВС) и Сириската национална армија (СНА) на 24 август 2017 година ја започнаа операцијата Еуфратски штит за ослободување на Ал Баб од терористичката организација ДЕАШ и во рамките на оваа операција за 7 месеци беше воспоставена контролата во 243 населени места, на површина од приближно 2015 квадратни километри. 

 



Слични вести