Расте билансот на Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува 26.878.000

1503337
Расте билансот на Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи во светот кои умреа поради новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) изнесува над 1.000.046. Бројот на заразени пациенти изнесува над 35.709.000, додека бројот на оздравените 26.878.000.

Бројот на смртните случаи во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на епидемијата во светот изнесува 215.032 , бројот на заразените 7.679.000.  Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани истакна дека нејзиниот тест на коронавирусот е „позитивен“ и дека се повлече во карантин. Од друга страна, ТВ-канал Си-Ен-Ен во информацијата која ја заснова на извори од Белата куќа истакна дека тестовите на Чад Гилмартин и Каролин Ливит, кои биле асистенти на Мекенани, исто така биле „позитивни“.  Асоцијацијата на дописници на Белата куќа, исто така соопшти дека 3 новинари и еден службеник во Белата куќа биле заразени од Ковид-19, но не ги открија идентитетите на овие луѓе. Американскиот претседател Доналд Трамп кој се лекуваше од Ковид-19, беше отпуштен од воената болница Валтер Рид.

Според податоците на Министерството за здравство во Бразил, бројот на смртните случаи предизвикани од вирусот за само еден ден се зголеми за уште 323 и вкупно изнесува 146.773, додека со регистрирањето на уште 11.946 нови заразени, вкупниот број на заразени се зголеми на 4.940.000.

Со смртта на уште 450 лица во последните 24 часа поради Ковид-19 во Аргентина, бројот на смртните случаи во оваа земја се искачи на 21.468. Со регистрирањето на Ковид-19 кај уште 11.242 лица за еден ден во земјата, бројот на заразените се зголеми на 809.728.

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа поради Ковид-19 умреле уште 180 лица и биле регистрирани 3.417 нови случаи. На тој начин вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 79.268, а бројот на заразени на 765.082.

Во последните 24 часа во Колумбија поради Ковид-19 умреа уште 132 лица, такашто вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 26.844. Во земјата беа регистрирани уште 7.106 случаи на заразени, така што бројот на заразени се зголеми на 862.158.

Според соопштението кое беше објавено од Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 починале уште 92 лица и биле регистрирани уште 416 случаи на заразени. На тој начин, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 32.834, а бројот на заразени на 829.999.

Во Италија, во последните 24 часа поради новиот вид коронавирус умреа 16 лица, така што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 36.002. Со нови 2.257 заразени случаи, вкипниот број на заразените на Ковид-19 достигна 327.586. Во информациите коишто се објавуваат во италијанските медиуми, се наведува дека владата усвоила одлука за воведување нови мерки што може да се преземат заради трендот на зголемување на бројот на случаи во последните денови.

Во Франција, во последните 24 часа, од епидемијата умреа уште 69 лица, поради што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 32.299. Бројот на заразените од вирусот се зголеми за 5.084 и достигна 624.274.



Слични вести