Помош во храна од ТИКА на Сиера Леоне

Фатима Маада Био, сопругата на претседателот на Сиера Леоне изрази благодарност за помошта

1503326
Помош во храна од ТИКА на Сиера Леоне

 

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди поддршка за храна на илјада семејства кои имаат потреба од тоа во рамките на „Проектот корпа за храна“ што го спроведе Фатима Маада Био, сопругата на претседателот на Сиера Леоне.

Во писменото соопштение коешто беше објавено од страна на ТИКА беше истакнато дека 25 тони ориз, 25 тони шеќер, 5 тони масло, два и пол тони храна за бебиња и 25 тони брашно, со посредство на амбасадорот на турција во Сиера Леоне, Деха Ерпек беа доставени на Био.

Фатима Маада Био во говорот на свеченото примопредавање на поддршката на Турција, рече дека се благодарни за ефикасниот начин на доставување на помошта за кратко време и изрази големо задоволство. Помошта ќе биде распределена на најправеден начин на сите оние во земјата коишто навистина имаат потреба“, рече Био.

Амбасадорот Ерпек во говорот рече  дека Турција секогаш е на страната на Сиера Леоне и дека билатералните односи меѓу двете земји се на одлично ниво во сите области. Турција ќе продолжи со  поддршката на Сиера Леоне во тешките моменти, колку што е во незина можност“ подвлече амбасадорот Ерпек.



Слични вести