ЕУ ги повика Азербејџан и Ерменија на прекин на огнот и преговори

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека викендот остварил телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија

1502621
ЕУ ги повика Азербејџан и Ерменија на прекин на огнот и преговори

Европската унија (ЕУ) упати повик до Азербејџан и Ерменија на прекин на огнот и преговори.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика Жозеп Борел во упатениот повик на својот профил преку социјалната медија истакна дека викендот остварил телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија.

Велејќи „Неприфатливо е растот на цивилните човечки загуби“, Борел во својата споделена објава напиша дека што поскоро треба да престанат судирите во Карабах.

Жозеп Борел напомена дека двете земји итно треба да ги започнат преговорите во координација на копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).



Слични вести