Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во Анкара

По средбата меѓу делегациите со кои претседетаваа Чавушоглу и Столтенберг одржаа заедничка прес конференција

1503047
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во Анкара

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека сите, особено НАТО, треба да ја повикаат Ерменија да се повлече од азербејџанските територии.

Министерот Чавушоглу, по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг,  кој престојува во посета на Анкара, одржа заедничка прес-конференција.

Истакнувајќи дека Ерменија своите напади директно ги насочува врз цивилите во Нагорно Карабах, Чавушоглу рече дека ова е воено злосторство.

„Азербејџан се бори да ги поврати своите територии. Затоа сите, особено НАТО, треба да ја повикаат Ерменија да се повлече од азербејџанските територии“ рече Чавушоглу.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Турција е важна земја за Алијансата.

Генералниот секретар потенцираше: „Турција е сојузничка земја на која придаваме големо значење. Турција  има голема улога и значење во мисиите на НАТО во Авганистан, Косово и Ирак.

Наведувајќи дека се загрижени за зголемените напади во Нагорно Карабах, Столтенберг рече: "Нашата загриженост расте кога ќе видиме дека гинат цивили, а исто така штетата која се нанесува на енергетските ресурси е еден од изворите на загриженост. Треба да им упатиме порака на сите страни: „Мора да ги суспендираат  судирите што е можно поскоро. Нема воено решение за проблемот со Нагорно Карабах.“

НАТО смета дека безбедносната состојба околу Турција е многу сериозна. Нашите други сојузници исто така донесоа одлука за зголемување на поддршката на Турција. Безбедноста на Турција е важна за НАТО.“

Солтенберг во вечерните часови ќе биде примен од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во рамките на средбите во Анкара се очекува да средби  во Министерството за национална одбрана.

Од инфорациите дознаваме дека развојот на случувањата во Источниот Медитеран и грчкото соопштение за „Навтекс“ се меѓу темите за кои ќе се разговара на средбите.

Столтенберг утре се предвидува да замине за Грција и да одржи разговори на високо ниво во Атина.



Слични вести