Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ги соопшти условите за стопирање на операциите за ослободување на своите окупирани територии
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ги соопшти условите за стопирање на операциите коишто ги започна азербејџанската армија за ослободување на своите територии од ерменска окупација

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата му честита на народот поради ослободувањето на градот Џебраил од окупација.
Алиев ги соопшти условите за стопирање на операциите коишто ги започна азербејџанската армија за ослободување на своите територии од ерменска окупација.
Нагласувајќи дека Азербејџан води борба за воспоставување на својот територијален интегритет, Алиев истакна дека ослободените градови ќе бидат наново формирани и ќе бидат поправени сите оштетени џамии од страна на Ерменците.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за стопирање на операциите коишто ги започна азербејџанската армија за ослободување на своите окупирани територии ги соопшти следните услови: „Ерменската армија да излезе од нашите територии. (Никол Пашинјан) да го признае територијалниот интегритет на Азербејџан. Да му се извини на азербејџанскиот народ и да каже дека Карабах не е ерменска територија. Да ни го соопшти календарот за повлекување на ерменската армија од окупираните територии.“