Азербејџанската армија уништи голем број ерменски оклопни возила и на осмиот ден од судирите

Азербејџанските војници уништија голем број оклопни возила на ерменската армија, а запленија и големи количини на оруќје и муниција и на осмиот ден од операциите за ослободување на своите окупирани територии

1502669
Азербејџанската армија уништи голем број ерменски оклопни возила и на осмиот ден од судирите

Азербејџанската армија продолжи да напредува и во текот на вчерашниот ден, на осмиот ден од операциите коишто ги започна за ослободување на своите територии од окупација.

Азербејџанските војници уништија голем број оклопни возила на ерменската армија, а запленија и големи количини на оруќје и муниција.

Ерменската армија пак, синоќа реализира ракетни напади врз азербејџанскиот град Мингечевир и областите Хизи и Абшерон.

Потпретседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во индустрискиот град Мингечевир се наоѓа хидроелектрична централа и дека реализираниот напад од страна на Ерменија врз овој град го означува „вараврскиот начин на одразување на очајот на оваа земја“.

Хаџиев потоа сподели уште една објава на својот профил на Твитер во која соопшти дека од страна на ерменската армија се истрелани две ракети со дострел од 300 километри врз областите Хизи и Абшерон.

Во вчерашниот напад со ракети „Смерч“ коишто беа истрелани од страна на ерменската армија врз Генџе, вториот по големина град на Азербејџан загина еден цивил, а 32'јца беа цивили беа ранети.

Освен тоа во ерменските напади врз градот Бејлеган загинаа двајца цивили, а во нападот врз градот Агџебеди загина едно 14 годишно дете.



Слични вести