Алијев: „Благодарение на турските вооружени беспилотни летала се намалија човечките загуби“

Азербејџанската војска напредува и покрај ерменските напади врз цивилите и ослободи голем број окупирани места

1503177
Алијев: „Благодарение на турските вооружени беспилотни летала се намалија човечките загуби“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев рече дека „благодарение на турските вооружени беспилотни летала се намалија човечките загуби“.

Илхам Алијев во интервјуто за државната Радио и телевизија на Турција (ТРТ) рече:

„Азербејџанската војска напредува и покрај ерменските напади врз цивилите и ослободи голем број окупирани места. Мирот ќе се постигне ако ни бидат дадени окупираните територии.“

Наведувајќи дека треба да им се дадат меѓународни гаранции за прекин на огнот, Алијев рече:

„Треба да ни се даде конкретен датум кога Ерменија ќе се повлече. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан треба да му се извини на азербејџанскиот народ. Ветувањата кои 30 години ни биеа дадени, не се исполнети.

Ерменија прашањето сака да го претвори во глобален проблем. Нагорно-Карабах и другите окупирани територии припаѓаат на Азербејџан. Ние не сме причина за оваа војна, ние ја браниме нашата земја.

Азербејџан нема и не гаи никакви стремежи кон териториите на Ерменија. Ерменија не провоцира за да ги нападнеме.

Покажавме позитивен став на преговарачката маса и благодарам на Турција за поддршката.

Франција во овој процес го обвинува Азербејџан.

Франција треба да ни се извини. Нагорно Карабах е наша територија. Ерменците незаконски ги уништија сите наши споменици на овие територии. Зарем тие не го гледаат ова? Ваквите пристапи се неприфатливи. Не можеме да бидеме индиферентни наспроти ова.

Односите меѓу Турција и Азербејџан треба да бидат пример за светот“ рече Алијев.

Во освртот на односите меѓу Русија и Азербејџан, претсдетаелот Алијев рече:

„Односите меѓу Русија и Азербејџан се на високо ниво. Русија делува како одговорна и голема земја. Од Русија пристигнуваат позитивни пораки. Не станува збор за заземање на која било страна.“

Азербејџанскиот лидер рече дека „Турција дека има силна позиција во меѓународната заедница, поради што треба да земе место во процесот на решавање на Карабах.

Благодарение на вооружените беспилотни летала на Турција. Се намали бројот на жртвите. Вооружените беспилотни летала  го покажуваат потенцијалот на Турција и нè зајакнува.“

Алијев исто така рече дека располагаат со разузнавачки информации дека терористите на сепаратистичко-терористичка организација ЈПГ/ПКК се борат во ерменските редови во областа Нагорно Карабах.



Слични вести