Ерменските сили ги гранатираат азербејџанските градови и села: Гранатиран вториот по големина град на Азербејџан, Генџе

Ерменските сили ги гранатираа со топови и ракети градот Гебџе, вториот по големина град на Азербејџан и областа Фузули и селата Агдам и Тертер во окупираното подрачје Нагорно Карабах

1502415
Ерменските сили ги гранатираат азербејџанските градови и села: Гранатиран вториот по големина град на Азербејџан, Генџе

Додека азербејџанската армија продолжува да напредува пред ерменските сили ослободувајќи нови окупирани места, ерменските сили ги засилуваат гранатирањата врз азербејџанските цивилни населени места.

Ерменските сили како последно ги гранатираа Генџе вториот по големина град на Азербејџан, областа Фузули во окупираното подрачје Нагорно Карабах и селата Агдам и Тертер.

Во објавеното соопштение од азербејџанското министерство за одбрана се истакнува дека ерменските сили ги продолжуваат нападите врз азербејџанските градови и села. 

Во соопштението се вели следното: "Ерменските воени групи ги гранатираат со топовски и ракетни истрели градот Генџе и во Нагорно Карабах областа Фузули и селата Агдам и Тертер. Нападите врз Генџе се реализирани од ерменска територија."

Азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов ја изнесе следната констатација: "Нападите коишто се реализираат од ерменските територии врз азербејџанските територии се со провокативна цел и го прошируваат просторот на судирите."

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за надворшени работи се истакнува следното: „Во нападот на ерменските воени групи врз Генџе загина еден цивил, а четворица се ранети. Во реализираните напади од страна на Ерменија врз цивилите и цивилните населени места досега животот го загубија 22'јца цивили, а 74 лица се ранети.“

Во соопштението се нагласува дека целата одговорност во врска со цивилните загуби и припаѓа на Ерменија и се упатува повик до оваа земја веднаш да се повлече од окупираните области во подрачјето на Нагорно Карабах.

Ерменската армија, на 27 септември започна напад врз азербејџанските позиции и азербејџанските цивилни населени места, по што и азербејџанската армија започна со противнапади и операција за ослободување на своите територии кои се наоѓаат под ерменска окупација (подрачјето Нагорно Карабах и уште 7 реони-области околу ова подрачје). 



Слични вести