Азербејџанското Министерство за одбрана: Наша цел се воените објекти и цели, а не цивилите

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека цел на азербејџанската армија не се цивилното население, цивилните објекти или цивилната инфраструктура, туку воените позиции, воените објекти и воената инфраструктура

1502531
Азербејџанското Министерство за одбрана: Наша цел се воените објекти и цели, а не цивилите

Азербејџан соопшти дека цел на операциите коишто се реализираат во областите под ерменска окупација, се воените објекти.

Во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се подвлекува дека азербејџанската армија не цели врз цивилното население, цивилните објекти или цивилната инфраструктура.

Се истакнуа дека цел на армијата се воените позиции од кои се реализираат напади од окупираните територии од страна на Ерменија, воените објекти и воената инфраструктура.

Во соопштението се упатува повик до цивилите да стојат далеку од областите на судирите и се вели дека ќе бидат подготвени погодни услови за евакуација на цивилите од областа.

Освен тоа, во соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека кон цивилите ќе се постапува согласно Женевската конвенција.



Слични вести