Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Ослободени од ерменска окупација уште 7 села

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: „Денеска (вчера) азербејџанската армија ги ослободи селата Талиш кај градот Тертер; Мехдили, Чакирли, Ашаги Маралјан, Шејбеј и Кујџак кај градот Џебраил; и селото Ашаги Абдуррахманли кај градот Фузули“

1502297
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Ослободени од ерменска окупација уште 7 села

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека се ослободени од ерменска окупација уште 7 села.

Алиев во својата објава го напиша следното: „Денеска (вчера) азербејџанската армија ги ослободи селата Талиш кај градот Тертер; Мехдили, Чакирли, Ашаги Маралјан, Шејбеј и Кујџак кај градот Џебраил; и селото Ашаги Абдуррахманли кај градот Фузули.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев претходно исто така соопшти дека е ослободено од ерменска окупација и населеното место Мадагиз и информира дека името на ова населено место е променето во Суговушан. 

Алиев рече: „Заклучно со 3 октомври 2020 година повторно му го враќам историското име на Мадагиз. Отсега ќе се нарекува Суговушан. Нагорно Карабах е на Азербејџан.“

Од друга страна, додека азербејџанската армија продолжува да напредува пред ерменските сили ослободувајќи нови окупирани места, ерменските сили ги засилуваат гранатирањата врз азербејџанските цивилни населени места.

Ерменските сили како последно ги гранатираа Генџе вториот по големина град на Азербејџан, областа Фузули во окупираното подрачје Нагорно Карабах и селата Агдам и Тертер.

Во објавеното соопштение од азербејџанското министерство за одбрана се истакнува дека ерменските сили ги продолжуваат нападите врз азербејџанските градови и села. 

Во соопштението се вели следното: "Ерменските воени групи ги гранатираат со топовски и ракетни истрели градот Генџе и во Нагорно Карабах областа Фузули и селата Агдам и Тертер. Нападите врз Генџе се реализирани од ерменска територија."

Азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов ја изнесе следната констатација: "Нападите коишто се реализираат од ерменските територии врз азербејџанските територии се со провокативна цел и го прошируваат просторот на судирите."

Ерменската армија, на 27 септември започна напад врз азербејџанските позиции и азербејџанските цивилни населени места, по што и азербејџанската армија започна со противнапади и операција за ослободување на своите територии кои се наоѓаат под ерменска окупација (подрачјето Нагорно Карабах и уште 7 реони-области околу ова подрачје).

 



Слични вести