Азербејџанската армија го ослободи од ерменска окупација и стратешкиот град Џебраил во Карабах

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека е ослободен од окупација и градот Џебраил, со стратешко значење во подрачјето Карабах

1502516
Азербејџанската армија го ослободи од ерменска окупација и стратешкиот град Џебраил во Карабах

Азербејџанската армија го ослободи од ерменска окупација градот Џебраил кој располага со стратешко значење во Карабах.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека е ослободен од окупација и градот Џебраил, со стратешко значење во подрачјето Карабах.

Во соопштението на Министерството за одбрана се вели дека информацијата е добиена од доверливи азербејџански извори и се додава следното: „Азербејџанската армија по селата Бујук Мерџанли, Маралјан и Шејбеј го ослободи од окупација и градот Џебраил, кој е од стратешко значење за подрачјето Карабах.“

Претходно азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека се ослободени од ерменска окупација уште 7 села.

Алиев во својата објава го напиша следното: „Денеска (вчера) азербејџанската армија ги ослободи селата Талиш кај градот Тертер; Мехдили, Чакирли, Ашаги Маралјан, Шејбеј и Кујџак кај градот Џебраил; и селото Ашаги Абдуррахманли кај градот Фузули.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев исто така претходно соопшти дека е ослободено од ерменска окупација и населеното место Мадагиз и информира дека името на ова населено место е променето во Суговушан. 

Алиев рече: „Заклучно со 3 октомври 2020 година повторно му го враќам историското име на Мадагиз. Отсега ќе се нарекува Суговушан. Карабах е на Азербејџан.“

Ерменската армија, на 27 септември започна напад врз азербејџанските позиции и азербејџанските цивилни населени места, по што и азербејџанската армија започна со противнапади и операција за ослободување на своите територии кои се наоѓаат под ерменска окупација (подрачјето Карабах и уште 7 реони-области околу ова подрачје).

 



Слични вести