Зеленски: Украина го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека неговата земја го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан

1502082
Зеленски: Украина го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на одржаната прес-конференција во областа Чернивци ги повика Ерменија и Азербејџан на дијалог. 

Зеленски истакна дека Украина го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан.

Велејќи дека односите со Азербејџан во последните две години се привилегирани, Зеленски рече: "Онака како што Азербејџан отсекогаш го поддржува нашиот територијален интегритет и суверенитет, и ние го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан."

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека треба да се спречи кризата помеѓу Азербејџан и Ерменија да се претвори во "замрзнат" судир и додаде дека приблемите треба да се решат набрзина.



Слични вести