Во напад со возило бомба во Авганистан загинаа 15 лица, а повеќе од 50 мина се ранети

Портпаролот на провинцијата Нангархар Атаулах Хогјани истакна дека во реализиран напад со возило бомба во населеното место Гани Хил во провинцијата загинаа 15 лица од кои повеќето цивили, а повеќе од 50 мина се ранети

1502233
Во напад со возило бомба во Авганистан загинаа 15 лица, а повеќе од 50 мина се ранети

Во реализиран напад со возило бомба во населеното место Гани Хил во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан, загинаа 15 лица, а повеќе од 50 мина се ранети. 

Портпаролот на провинцијата Нангархар Атаулах Хогјани истакна дека цел на едниот од напаѓачите со возило бомба била зградата на среското начелство на населеното место Гани Хил.

Велејќи дека другите напаѓачи кои влегле во зградата на среското начелство при обид да извршат напад биле неутрализирани од страна на безбедносните сили, Хогјани истакна дека во нападот животот го загубија 15 лица од кои повеќето цивили, а повеќе од 50 лица се ранети.

Хогјани напомена дека под дејство на нападот биле скршени стаклата на сите куќи и работни места во околината. 

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести