САД започнаа нова програма за поддршка на терористичката ЈПГ/ПКК во износ од 400 милиони долари

Американскиот Државен секретаријат започна нова програма за поддршка на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија во износ од 400 милиони долари

1502171
САД започнаа нова програма за поддршка на терористичката ЈПГ/ПКК во износ од 400 милиони долари

Соединетите Американски Држави (САД) ја продолжуваат поддршката на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.

Американскиот Државен секретаријат започна нова програма за поддршка на ЈПГ/ПКК во износ од 400 милиони долари.

Во рамките на програмата којашто започна минатиот месец и ќе трае до новата година, на припадниците на терористичката организација им се доставуваат извидувачки уреди за бомби, уреди за следење на отисоци од прсти и полициска опрема.

Освен тоа што во рамките на програмата во областите под окупација на терористичката организација се обезбедени неопходната безбедносна опрема и материјали, на организацијата почнаа да им се доставуваат и голем број уреди за тестирање на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Инаку, американскиот Државен секретаријат Мајк Помпео на 25 септември соопшти дека управата на САД ќе достави дополнителна помош на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија во износ од 720 милиони долари.

САД, во рамките на програмите за обука низа пати досега и доставија поддршка  на терористичката организација во воена обука, опрема и оружје.



Слични вести