Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Немаме време за чекање уште 30 години

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во интервју за телевизискиот канал „Ал Џезира“ истакна дека неговата земја нема време за чекање уште 30 години за решавање на проблемот Нагорно Карабах

1502161
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Немаме време за чекање уште 30 години

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во интервју за телевизискиот канал „Ал Џезира“ направи проценка на операцијата што ја започна азербејџанската армија за ослободување на своите територии од окупација.

Алиев рече дека немаат време за чекање уште 30 години за решавање на проблемот Нагорно Карабах.

Укажувајќи дека главната причина поради нерешавањето на проблемот Нагорно Карабах е тоа што Ерменија не е на страната на мирот, Илхам Алиев потсети дека управата на Ереван ги оцени за ништовни (ги негира) четирите усвоени резолуции во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во однос на тоа дека безусловно треба да стави крај на окупацијата на азербејџанските територии.

Алиев напомена дека Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) која го води процесот за решение 28 години не можеше да постигне никаков резултат, а воедно го подвлече слендото: „Ние не сме во состојба да ги слушаме изјавите како што се 'застанете, ќе работиме, ќе водиме преговори, ќе помогнеме'. Тоа го слушнавме низа пати досега. Немаме време за чекање уште 30 години. Проблемот треба да се реши сега.“

Како започнаа последните судири помеѓу Азербејџан и Ерменија

На 12 јули Ерменија реализира напади со тешко оружје врз пограничното подрачје Товуз на азербејџанскитетеритории. Потоа на 27 септември, ерменските сили извршија нови напади врз азербејџанските цивилни населени места и азербејџанските позиции. Веднаш по овие напади азербејџанската армија започна противнапади врз ерменските позиции и започна операција за ослободување на своите територии кои се наоѓаат под ерменска окупација.

По ваквиот развој на настаните и вооружените судири коишто започнаа во окупираната област Нагорно Карабах на ерменско-азербејџанската фронтова линија ерменските власти прогласија општа мобилизација и воена состојба. Азербејџан исто така прогласи делумна воена состојба во 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку.

Од 1991 година Ерменија илегално ја окупира областа Нагорно Карабах која инаку е меѓународно призната територија на Азербејџан.

Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и бројни меѓународни организации бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно Карабах и од седум други окупирани азербејџански реони, меѓутоа Ерменија 30 години како не им обрнува внимание на сиве овие барања. 

 



Слични вести