Азербејџанскиот претседател Алиев оствари телефонски разговор со францускиот претседател Макрон

Тема на телефонскиот разговор помеѓу двајцата претседатели Илхам Алиев и Емануел Макрон беа ерменско-азербејџанските судири на фронтовата линија во Нагорно Карабах

1502060
Азербејџанскиот претседател Алиев оствари телефонски разговор со францускиот претседател Макрон

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. 

Тема на разговорот беа ерменско-азербејџанските судири на фронтовата линија во Нагорно Карабах. 

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, францускиот претседател Емануел Макрон го побара по телефон претседателот Илхам Алиев до кого ја изрази својата загриженост од судирите и упати повик за постигнување прекин на огнот и повторно започнување на преговорите.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев пак, истакна дека во жестоките топовски гранатирање од страна на ерменските вооружени сили врз азербејџанските населени места животот го загубија 19 азербејџански цивили, повеќе од 60 се ранети и се срушени стотици куќи.

Нагласувајќи дека азербејџанската армија реализира успешен противнапад и во започната операција ослободи еден дел од своите окупирани територии, Алиев напомена дека управата на Ереван фрли чекори за нарушување на преговарачкиот процес и му нанесе тежок удар на процесот.

Илхам Алиев додаде дека за нарушување на процесот на преговори и започнување на судирите е одговорна управата на Ериван.



Слични вести