Азербејџанската армија им нанесе загуби на ерменските сили и на шестиот ден од судирите

Азербејџанско-ерменската судири во текот на вчерашниот шести ден, се засилија во правец на населеното место Џебраил кај градот Фузули и населеното место Агдере кај градот Тертер

1502036
Азербејџанската армија им нанесе загуби на ерменските сили и на шестиот ден од судирите

Азербејџанската армија, на шестиот ден од противнападот што го започна за ослободување на своите окупирани територии, продолжи да напредува и да им нанесува загуби на ерменските сили.

Судирите коишто продолжија во текот на вчерашниот ден се засилија во правец на Џебраил кај Фузули и Агдере кај Тертер.

Азербејџанските војници во правец на Џебраил кај Фузули го скршија отпорот на ерменската армија, ја принудија на повлекување и продолжија да напредуваат. 

Во областа Мадагиз кај Агдере кадешто се водат жестоки судири се ослободени од окупација некои стратешки ридови.

На жесток топовски оган од страна на азербејџанската армија беа подложени и други позиции на ерменската армија во градот Агдере.

Во текот на вчерашниот ден од страна на азербејџанската армија се неутрализирани 5 ерменски оклопни возила и голем број војници. Погодени се и уништени мобилен штаб и голем број тенкови на ерменската армија.

Од друга страна пак, ерменската армија реализира топовски истрели врз азербејџанските населени места, селата Хиндиристан, Алибејли, Ахмедагали и Сеферли кај градот Агдам и врз градчето Гузанли. Во овие гранатирање има загинати и ранети цивили.

Најжестокиот напад во текот на вчерашниот ден е извршен врз градот Тертер. 

Ерменската армија врз Тертер истрела над 2 илјади топовски гранати.

Цел на топовските истрели на ерменските војници беше и градчето Шихарк кај Тертер.

Ерменската армија реализира топовски истрели и врз селата Соганвердилер и Емирли  кај Берде, а врз селото Сабиркент кај градот Шемкир се истрелани приближно 10 тактички ракети Точка-У.

Судирите помеѓу азербејџанската армија и ерменската армија проодлжија и во текот на целата ноќ.

Азербејџанската армија им нанесе тежок удар на ерменските позиции, а беа оштетени и голем број оклопни воени возила.

Азербејџанското министерство за одбрана сподели снимки на кои се гледа како со стопроцентни истрели се уништуваат голем број оклопни воени возила на ерменската армија.

Продолжуваат да се водат жестоки судири во должина на целата фронтова линија.

Азербејџанската армија во периодот од  27 септември до 2 октомври (вчера) уништи 230 ерменски тенкови и оклопни возила, 250 топови и ракетни системи, 38 противвоздушно одбранбени системи, 10 командни центри и позиции за набљудување, 7 магацини со муниција, повеќе од 130 воени камиони и возила, 1 ракетен систем С-300.



Слични вести