Доналд Трумп и сопругата позитивни на Ковид-19

Во моментов претседателот и првата дама се во добра состојба и за време на процесот на опоравување, двајцата ќе останат дома во Белата куќа

1501338
Доналд Трумп и сопругата позитивни на Ковид-19

 

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот и тестот на сопругата Меланија Трамп на новиот вид коронавирус (Ковид-19) биле позитивни.

Трамп на својот профил на Твитер објави дека бил позитивен во Ковид-19.

Трамп во објавата истакна:

„Вечерва, тестот на првата дама и мојот тест на Ковид-19 беа позитивни. Веднаш ќе го започнеме процесот на карантин и закрепнување. Овој процес заедно ќе го надминеме.“

Во писменото соопштение коешто беше објавено од страна на Белата куќа, беше споделена официјалната изјава на лекарот на Трамп, Шон Конли за тестовите на Ковид-19.

Во соопштението беше истакнато дека последните тестови на Ковид-19 на претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп се позитивни, „Во моментов претседателот и првата дама се во добра состојба и за време на процесот на опоравување, двајцата ќе останат дома во Белата куќа.“

Трамп неодамна објави дека откако тестот на Ковид-19 на консултантот Хоуп Хикс беше позитивен, ќе започне со карантин.

Хикс, еден од блиските советници на Трамп, беше една од личностите којашто учествуваше на многу изборни патувања на американскиот претседател.



Слични вести