Азербејџанската армија воспостави контрола над некои стратешки ридови во Мадагиз кај Агдере

Азербејџанската армија го скрши отпорот на ерменската армија во правец Џебраил-Фузули и ја принуди да се повлече

1501588
Азербејџанската армија воспостави контрола над некои стратешки ридови во Мадагиз кај Агдере

Азербејџанската армија во рамките на операциите за ослободување на своите окупирани територии, воспостави контрола над некои од стратешките ридови во областа Мадагиз во окупираната провинција Агдере.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се вели дека цела ноќ продолжиле судирите на различните страни на фронтот.

Според соопштението, азербејџанската армија го скрши отпорот на ерменската армија во правец Џебраил-Фузули и ја принуди да се повлече, додека азербејџанската армија продолжува да напредува.

Ситуацијата во правец на планината Муров е под контрола на азербејџанската армија. Некои стратешки ридови во областа Мадагиз во провинцијата Агдере се ослободени од окупација.

Во судирите што продолжија во текот на ноќта, беа неутрализирани 5 оклопни возила и голем број војници на ерменската армија.

Во соопштението се вели дека волонтерите кои беа однесени од Ерменија кон окупираните територии, одбиле да се борат, плашејќи се од интензитетот на судирите и големите загуби, а успехот на судирите и ослободувањето на доминантните позиции во различни насоки дополнително го зголеми високиот борбен дух и одлучноста на азербејџанските војници.



Слични вести