Самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред се наоѓаат и Источниот Медитеран, односите со Турција и Нагорно Карабах

На дневниот ред на Лидерскиот самит на ЕУ се наоѓаат голем број наслови на чело со ситуацијата во Источниот Медитеран, односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и прашањето со Белорусија

1500744
Самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред се наоѓаат и Источниот Медитеран, односите со Турција и Нагорно Карабах

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) денеска се состануваат во белгискиот главен град Брисел.

На дневниот ред на Лидерскиот самит на ЕУ се наоѓаат голем број наслови на чело со ситуацијата во Источниот Медитеран, односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и прашањето со Белорусија.

На состаноците на Советот на Европската унија (ЕУ) коишто ќе се одржат денеска и утре претежно ќе се разговара за надворешните односи.

Меѓу насловите за коишто ќе дискутираат лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), за кои би можело да се каже дека го сочинуваат и главниот дневен ред на самитот се ситуацијата во Источниот Медитеран и односите на ЕУ со Турција, како и прашања посветени на Кина, Белорусија, труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навалниј и судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах. 

Освен тоа на Лидерскиот самит на дневен ред ќе бидат поставени и прашања посветени на економијата по пандемијата на Ковид-19, зајакнувањето на единствениот пазар, развојот на поперетнциозна индустриска политика и интензивирањето на дигиталната трансформација.



Слични вести