Русија им предложи средба на Азербејџан и Ерменија во Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оствари телефонски разговори со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и со ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнатсаканјан

1500861
Русија им предложи средба на Азербејџан и Ерменија во Москва

Русија, им предложи на Азербејџан и Ерменија да се состанат во Москва.

Според објавеното писмено соопштение од руското министерство за надворешни работи, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оствари телефонски разговори со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и со ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнатсаканјан.

Во телефонскиот разговор стана збор за ситуацијата во Нагорно Карабах, руската страна ја изнесе својата загриженост во врска со судирите коишто продолжуваат помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Освен тоа што беа разгледани прекинот на огнот и намалувањето на затегнатоста, беше упатен повик за избегнување од реториката на „провокација“ и “војна“, а беше нагласена и потребата за повторно започнување на процесот на преговорите помеѓу страните.

Во остварените телефонски разговори беше привлечено внимание дека Русија ќе ги продолжи своите иницијативи по прашањето на решавање на проблемот Нагорно Карабах, а воедно беше предложено Москва да ги воспоставува потребните контакти вклучувајќи ја и средбата на министрите за надворешни работи на Азербејџан, Ерменија и Русија.



Слични вести