Повик од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел до Азербејџан и Ерменија за прекин на огнот

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел соопшти дека остварил телефонски разговори со претседателите на Азербејџан и Ерменија, Илхам Алиев и Никол Пашинјан, и дека упатил повик за прекин на огнот

1500522
Повик од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел до Азербејџан и Ерменија за прекин на огнот

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараше со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и претседателот на Ерменија Никол Пашинјан, при што упати повик до двете земји за прекин на огнот.

Шарл Мишел во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека остварил телефонски разговори со претседателите на Азербејџан и Ерменија, Илхам Алиев и Никол Пашинјан.

Велејќи дека чувствува длабока загриженост од порастот на затегнатоста во Нагорно Карабах, Мишел нагласи дека ја осудува употребата на сила и дека под итно треба да се прогласи прекин на огнот.

Шарл Мишел рече дека „единственото решение се преговорите“ и истакна дека Европската унија (ЕУ) ги поддржува активностите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и дека треба да се заштитат цивилите.



Слични вести