МНР на Азербејџан: Ерменија донесе странски платеници и терористи

Азербејџанското министерство за надворшени работи истакна дека управата во Ереван со носење странски платеници и терористи во окупираните области покажа дека тероризмот е дел од државната политика на Ерменија

1500559
МНР на Азербејџан: Ерменија донесе странски платеници и терористи

Азербејџан соопшти дека управата во Ереван со носење странски платеници и терористи во окупираните области покажа дека тероризмот е дел од државната политика на Ерменија.

Азербејџанското министерство за надворшени работи ги прокоментира изјавите по ова прашање од страна на одделот за информации и печат на руското министерство за надворешни работи, при што потсети дека бројни пати досега беа изнесувани грижите во однос на широко распространетата употреба на овие наведени методи (користењето на платеници) од страна на Ерменија.

Во објавеното соопштение на азербејџанското министерство за надворешни работи се вели следното:

„Ерменија, донесе терористи и платеници од странски земји, особено од Блискиот Исток, за време на окупацијата на областа Нагорно Карабах и околните градови на Азербејџан и во нападите коишто извршени потоа врз нашата земја. Тоа што Ерменија во последните месеци како дел од нејзината политика на илегално населување, донесе странски платеници во окупираните области и нив под името 'доброволни, волонтерски групи' ги користи во нападите против Азербејџан, уште еднаш покажа дека тероризмот е дел од државната политика на Ерменија.“



Слични вести