Азербејџанската армија во текот на 4 дена уништи приближно 200 ерменски тенкови и оклопни возила

Азербејџанската армија во текот на 4 дена уништи приближно 200 ерменски тенкови и оклопни возила, 228 топови и ракетни системи, 30 противвоздушно одбранбени системи, 6 командни центри, 5 магацини за муниција и 1 ракетно одбранбен систем С-300

1500699
Азербејџанската армија во текот на 4 дена уништи приближно 200 ерменски тенкови и оклопни возила

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во судирите коишто 4 дена како продолжуваат досега се уништени приближно 200 ерменски тенкови и оклопни возила, 228 топови и ракетни системи, 30 противвоздушно одбранбени системи, 6 командни центри за управување и командни центри за набљудување, 5 магацини за муниција, 110 автомобили и 1 ракетно одбранбен систем С-300.

Азербејџанската армија противнападот што го започна против ерменската армија за ослободување на своите окупирани територии, го продолжи и во текот на ноќта.

Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека во текот на целата ноќ беа реализирани жестоки артилериски напади врз позициите на ерменските сили.

Министерството ги сподели и снимките од реализираните топовски истрели врз ерменските позиции.

Во меѓувреме, бројот на загинатите цивили во топовските напади коишто се реализираат од страна на ерменската армија врз азербејџанските цивилни населени места, а особено врз градот Тертер, се зголеми на 16 лица, а бројот на ранетите цивили достигна до 55 лица. 

Во објавеното соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека ерменските сили реализираат напади и врз цивилни објекти како што се јавни згради, здравствени центри, училишта и градинки. 

Освен тоа, во реализираните напади од страна на ерменската армија од 27 септември досега се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 116 домови и 26 јавни згради.

Од друга страна, ерменската армија која ги продолжува нападите врз азербејџанските цивилни населени места, ги таргетира и новинарите кои работат во подрачјето.

Откако на 27 септември, првиот ден од судирите минофрлачка граната падна во непосредна близина на едно цивилно населено место каде што снимаа новинарските екипи Агенцијата Анадолија „АА“ и  на Турската радио и телевизија „ТРТ“, голем број претставници на медиумите се најдоа во ситуации опасни по живот.

Во реализираните напади во послендите 5 дена врз различни области истреланите гранати од страна на ерменската армија паднаа на места кадешто работеа новинари на телевизиски канали и новински агенции како „АРБ ТВ“ (ARB TV), „Хазар ТВ“ (Hazar TV), „Ичтимаи ТВ“ (İçtimai TV), „СПЕЈС ТВ“ (SPACE TV), „АТВ“ (ATV), „БАКУ ТВ“ (BAKU TV), „АЗЕРТАК“ (AZERTAC), новинската агенција „АПА“ (APA) и новинската агенција „Туран“ (Turan).

Новинарите кои во некои некои ситуации се спасија во последен момент, продолжуваат да ја извршуваат својата работа во подрачјето под навистина тешки услови.

 



Слични вести