Азербејџанската армија продолжува да им нанесува загуби на ерменските сили

Азербејџанската армија вчера уништи еден повеќецевен ракетен лансер Ураган, 2 противвоздушно одбранбени системи OSA, 4 повеќецевни ракетни лансери Град BM-21, едно пешадиско борбено возило, 16 тенка, 4 топови хаубици D-20 и два камиони

1500539
Азербејџанската армија продолжува да им нанесува загуби на ерменските сили

Азербејџанската армија која по ерменските напади започна противнапад за ослободување на своите територии од окупација, продолжува да и нанесува загуби на ерменската армија.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува следното: „Денеска до 17:30 по локално време (30 септември 2020 година, вчера) на различни места на фронтот се уништени еден повеќецевен ракетен лансер Ураган, 2 противвоздушно одбранбени системи OSA, 4 повеќецевни ракетни лансери Град BM-21, едно пешадиско борбено возило, 16 тенка, 4 топови хаубици D-20 и два камиони.“

Азербејџанската армија противнападот што го започна против ерменската армија за ослободување на своите окупирани територии, го продолжи и во текот на ноќта.

Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека во текот на целата ноќ беа реализирани жестоки артилериски напади врз позициите на ерменските сили.

Министерството ги сподели и снимките од реализираните топовски истрели врз ерменските позиции.

Во меѓувреме, бројот на загинатите цивили во нападите коишто се реализираат од страна на ерменската армија врз азербејџанските цивилни населени места се зголеми на 15 лица, а бројот на ранетите цивили достигна до 49 лица. 

Во објавеното соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека ерменските сили реализираат напади и врз цивилни објекти како што се јавни згради, здравствени центри, училишта и градинки. 

Освен тоа, во реализираните напади од страна на ерменската армија од 27 септември досега се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 116 домови и 26 јавни згради.



Слични вести