Украина: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Азербејџан

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба истакна дека неговата земја го поддржува територијалниот интегритет на Азербејџан и дека овој нејзин став никогаш не е променет

1500213
Украина: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Азербејџан

Украина соопшти дека го поддржува територијалниот интегритет на Азербејџан и дека овој нејзин став никогаш не е променет.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на одржаниот состанок за претставниците на печатот преку видео-конференција истакна дека ги следат внимателно случувањата во регионот.

Велејќи дека војната секогаш носи болка, смрт и рушења, Кулеба истакна дека не треба да се покачува уште повеќе затегнатоста во Кавказ која што ионака во моментов е на доволно високо ниво.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба нагласи дека поддршката на територијалниот интегритет на земјите е едниот од камените темелници на надворешната политика на Украина, и го рече следното: „Онака како што Азербејџан го поддржува меѓународно признатиот територијален интегритет на Украина, и ние отсекогаш го поддржуваме територијалниот интегритет на Азербејџан и овој наш став никогаш не е променет.“

Кулеба привлече внимание дека ситуацијата во Нагорно Карабах покажува дека таканаречените „замрзнати“ конфликти всушност не се замрзнати и дека секој момент можат да експлодираат.

Инаку,  ерменските сили утрото на 27 септември од ерменско-азербејџанската фронтова линија  отворија оган со тешко оружје врз азербејџанските цивилни населени места по што започнаа судири помеѓу двете земји. 

Азербејџанската армија започна противнапад и ослободи од ерменска окупација голем број села и области.

Азербејџанската армија продолжува да напредува пред ерменските сили и да ги ослободува своите окупирани територии. 



Слични вести