Алијев: „Турција пружа морална поддршка“

Ние моравме да одговориме на агресивната земја за да ги заштитиме сопствените луѓе и територии

1499797
Алијев: „Турција пружа морална поддршка“

 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев рече дека Турција, не е страна во конфликтот со Ерменија и дека само им дава морална поддршка.

Во интервјуто за рускиот државен канал Росија-24, Алијев се осврна на зголемената тензија во Нагорно Карабах како резултат на нападите на Ерменија против Азербејџан.

Потенцирајќи дека во нападите на Ерменија, биле убиени азербејџански војници и цивили, Алијев рече:

„Ние моравме да одговориме на агресивната земја за да ги заштитиме сопствените луѓе и територии.

Турција не е страна во конфликтот во Нагорно Карабах, меѓу Азербејџан и Ерменија.

Улогата на Турција во регионот е насочена во стабилизирање на состојбата. Турција е наша братска земја и наш сојузник. Од моментот кога започнаа судирите, Турција, претседателот (Реџеп Тајип Ердоган) и другите извршни високи раководители  изразија поддршка на Азербејџан и меѓународното право. Бидејќи, Ерменија, со окупацијата на азербејџанските територии, на мноогу груб начин го крши меѓународното право.“



Слични вести