Во ерменските топовски напади врз Тертер загинаа двајца азербејџански цивили, а двајца се ранети

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека ерменските сили вчера во вечерните часови отворија топовски оган врз градчето Шихарх кај градот Тертер пришто во нападот загинаа двајца азербејџански цивили, а двајца се ранети

1499134
Во ерменските топовски напади врз Тертер загинаа двајца азербејџански цивили, а двајца се ранети

Поради реализираните топовски напади од страна на ерменската армија врз градот Тертер во Азербејџан, загинаа двајца цивили, а двајца се ранети.

Во објавеното соопштение од страна на Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека ерменските сили вчера во вечерните часови отворија топовски оган врз градчето Шихарх кај градот Тертер.

Во соопштението се вели дека во топовското гранатрирање загинаа двајца азербејџански цивили, а двајца се ранети.

Во реализираните топовски гранатирања од страна на ерменската армија врз градот Тертер и вчера наутро загина еден азербејџански цивил.

Исто така завчера топовска граната истрелана од страна на ерменските сили падна врз една куќа во градот Нафталан при што беа ранети 5 лица од исто семејство, меѓу кои се наоѓаа и деца.



Слични вести