Во ерменските напади врз азербејџански цивилни населени места загинаа 10 лица, а 30 се ранети

Во објавеното заедничко соопштение на Министерството за одбрана и Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека во ерменските напади врз азербејџански цивилни населени места загинаа 10 лица, а 30 мина се ранети

1499399
Во ерменските напади врз азербејџански цивилни населени места загинаа 10 лица, а 30 се ранети

Во нападите коишто се реализираат од страна на ерменската армија врз азербејџански цивилни населени места загинаа 10 лица, а 30 мина се ранети.

Во објавеното заедничко соопштение на Министерството за одбрана и Главното јавно обвинителство на Азербејџан се потсетува дека ерменската армија од 27 до 29 септември реализира напади со тешко оружје врз азербејџанските цивилни населени места.

Во соопштението се истакнува дека во овие напади досега загинаа 10 азербејџански цивили, а 30 мина се ранети и дека меѓу загинатите има и двајца деца (ученици средношколци).

Ерменија која реализира напади врз азербејџанските цивилни населени места цели и против новинарите на задача во областа.

Новинарската екипа на азербејџанската телевизија „Ичтимаи“ која на влезот на селото Капанли кај Тертер ги снимаше ерменските напади врз цивилите, исто така беше подложена на напад на ерменската армија.

Најпрвин беше истрелана топовска граната веднаш во непосредна близина на возилото на новинарската екипа, а потоа по првиот нападот додека новинарите набрзина се обидуваа да се оддалечат од областа беше извршен втор напад.

За среќа дописникот, камерманот и возачот на новинарската екипа на азербејџанската телевизија „Ичтимаи“ се спаси од нападите без повредени.

Претходно од страна на ерменските сили беше извршен напад со хаубица и врз новинарските екипи на Турската радио и телевизија ТРТ „ТРТ Хабер“ и на новинската Агенција Анадолија „АА“ кои исто така се на задача во областа.

 



Слични вести