Илхам Алиев одржа видео-конференциска средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го информира генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во врска со нападите коишто ги реализира Ерменија врз Азербејџан

1499512
Илхам Алиев одржа видео-конференциска средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев одржа видео-конференциска средба со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, Алиев го информира Гутерес во врска со нападите коишто ги реализира Ерменија врз Азербејџан.

Илхам Алиев истакна дека во ерменските напади има воени и цивилни загуби и дека Азербејџан со цел да се одбрани себе си, искористувајќи го своето право на самоодбрана, премина во напад.

Алиев рече дека проблемот Нагорно Карабах треба да се реши на основа на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во кои се бара ерменската армија веднаш да се повлече од окупираните територии.

Тој напомена дека управата на Ерменија совесно го прекрши процесот на преговори и дека изјавата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан околу тоа оти „Нагорно Карабах му припаѓа на Ерменија“ му нанесе сериозен удар на процесот.

„Проблемот Нагорно Карабах, треба да се реши само во рамките на правилата на меѓународното право и територијалниот интегритет на Азербејџан, на основа на резолуциите на  Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во кои се бара ерменската армија веднаш, безусловно и целосно да се повлече од окупираните територии.“ - рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

 

"Dağlık Karabağ sorunu, yalnızca uluslararası hukuk kuralları ve Azerbaycan'ın toprak bütünlüğü çerçevesinde, Ermenistan ordusunun işgal altındaki topraklardan derhal, koşulsuz ve tam olarak çekilmesini talep eden ilgili BMGK kararları temelinde çözülmelidir." ifadelerini kullandı.

 

trthaber/web/remzi



Слични вести