Дмитриј Песков: Случувањата во Нагорно Карабах ги следиме одблизу

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека случувањата во Нагорно Карабах се следат одблизу од страна на Русија

1499653
Дмитриј Песков: Случувањата во Нагорно Карабах ги следиме одблизу

Русија соопшти дека ги следат одблизу случувањата во Нагорно Карабах. 

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков во дадената изјава во главниот град Москва направи проценки во однос на растечката затегнатост во Нагорно Карабах до која што дојде со нападите на Ерменија врз Азербејџан.

Велејќи дека во блиско време треба да се постигне прекин на огнот во Нагорно Карабах, Песков нагласи дека ги следат одблизу случувањата во подрачјето.

Дмитриј Песков рече: "Ги следиме сите случувања и овие податоци ги користиме за оформување на нашиот приод во иднина и за утврдување на чекорите коишто ќе бидат фрлени со нашите партнери во Организацијара на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО), т. е. Меѓувладиниот воен сојуз формиран на 7 октомври 2002 година меѓу Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Белорусија и Ерменија."

Песков напомена дека ги повикуваат сите земји да направат се за да ги убедат инволвираните страни да се вратат на прекинот на огнот и на изнаоѓање мирољубиво решение по политички и дипломатски патишта за овој судир којшто продолжува веќе долго време.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков исто така додаде дека на остварената средба вчера во Сочи помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и киргискиот претседател Соронбај Женбеков, не беше поставено на дневен ред прашањето за поддршка на Ерменија во рамките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО). 



Слични вести