Азербејџанската армија уништи еден цел моторизиран пешадиски полк на ерменската армија

Раководителот на прес-службата при Министерството за одбрана на Азербејџан полковник Вагиф Дерѓахли информира дека азербејџанската армија која продолжува да напредува уништи еден цел моторизиран пешадиски полк на ерменската армија

1499378
Азербејџанската армија уништи еден цел моторизиран пешадиски полк на ерменската армија

Продолжуваат жестоките вооружени судири на еременско-азербејџанската фронтова линија.

Азербејџанската армија која продолжува да напредува уништи еден моторизиран пешадиски полк на ерменската армија.

Раководителот на прес-службата при Министерството за одбрана на Азербејџан полковник Вагиф Дерѓахли во објавеното соопштение по ова прашање го рече следното: „Целосно е разбиен третиот моторизиран пешадиски полк Мартуни стациониран во областа Хоџавенд која е окупирана од страна на ерменските вооружени сили.“

Велејќи дека целосно е уништен непријателскиот полк кој претрпе тешки човечки загуби и воена опрема, Дерѓахли информира дека командантот на непријателската армија упатил повик за евакуирање на загинатите и ранетите.

Освен тоа, Дерѓахли информира дека е тешко ранет и командантот на деветиот полк на 18-тата моторизирана дивизија на ерменската армија полковник Артјом Погосјан.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека ерменските сили во текот на ноќта се обиделе да започнат напад за враќање назад на изгубените позиции во правец на Џебраил кај Фузули и Тертер кај Агдере, но притоа единциите на азербејџанската армија ги спречиле овие обиди на ерменските сили во наведените области.

Инаку, завчера (на 27 септември, во недела) во раните утрински часови откако ерменските сили отворија оган со тешко оружје врз азербејџанските цивилни населени места на ерменско-азербејџанската фронтова линија започнаа вооружени судири помеѓу двете земји, по што азербејџанската армија започна противнапад и досега ослободи од ерменска окупација неколку населени места.



Слични вести