Азербејџан: Ерменија поставува ракетни системи С-300 во окупираните области, но тие ќе бидат уништени

Портпаролот на Министерството за одбрана на Азербејџан полковник Вагиф Дерѓахли истакна дека Ерменија своите противвоздушни ракетни системи С-300 од Ереван ги пренесува во окупираните области, но рече дека тие ќе бидат уништени

1499606
Азербејџан: Ерменија поставува ракетни системи С-300 во окупираните области, но тие ќе бидат уништени

Како што се истакнува, Ерменија своите противвоздушни ракетни системи С-300 од Ереван ги пренесува во областите кадешто азербејџанската армија реализира операции.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Азербејџан полковник Вагиф Дерѓахли во објавеното соопштение го рече следното: „Добивме разузнавачки информации дека противвоздушните ракетни системи кои го покриваат воздушниот простор на Ереван се движат кон нашите окупирани области. Откако овие противвоздушни ракетни системи ќе влезат на нашите територии веднаш ќе бидат уништени од страна на азербејџанската армија.“

Дерѓахли напомена дека противвоздушните ракетни системи С-300 ги чека иста судбина со уништената ерменска воена опрема од страна на азербејџанската армија.

Полковник Вагиф Дерѓахли, направи проценка и на тврдењата на ерменската страна околу тоа дека Азербејџан во судирите користел воени авиони Ф-16.

Во врска со тоа, Дерѓахли рече: „Вестите на ерменската страна во врска со срушените авиони Ф-16 за кои се тврди дека биле во сопственост на азербејџанските воздушни сили, се лажни и провокација. Ние соопштуваме дека во инвентарот на нашите воздушни сили нема воени авиони Ф-16. Затоа ја потсетуваме ерменската страна дека не е можно да се уништи нешто што вусшност не постои.“



Слични вести