Алиев: Меѓународните организации го изоставуваат од вид она што го прави режимот на Пашинјан

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев истакна дека меѓународните организации го изоставуваат од вид она што го прави режимот на ерменскиот премиер Никол Пашинјан за кого рече дека претставува закана за мирот и безбедноста во регионот

1499584
Алиев: Меѓународните организации го изоставуваат од вид она што го прави режимот на Пашинјан

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го прими новонаименуваниот амбасадор на Пакистан во Баку Билал Хаје од чија страна му беа предадени акредитивните писма.

Во говорот што го одржа во оваа пригода, Алиев истакна дека неговата земја секогаш го поддржува Пакистан во однос на прашањето со Кашмир, а воедно посети дека Пакистан не ја признава Ерменија како држава.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев напомена дека меѓународната заедница го изоставува од вид онашто го прави ерменскиот премиер Никол Пашинјан и го рече следното: „Оваа взаемна поддршка, ја презентира братската природа на нашата соработка. Му благодариме на Пакистан поради одлучниот став по прашањето на територијалниот интегритет на нашата земја.“

Привлекувајќи внимание дека Ерменија на 27 септември започна напад врз Азербејџан, Алиев истакна дека во овие напади се убиени 10 азербејџански цивили, а повеќе од 20 цивли се ранети.

Тој нагласи дека успешно продолжуваат операциите на азербејџанската армија во Нагорно Карабах и рече: „Војуваме на нашата сопствена територија. Нагорно Карабах е неделлив дел на Азербејџан. Меѓународната заедница го признава територијалниот интегритет на нашата земја.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев исто така подвлече дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан претставува закана за мирот и безбедноста во регионот и го додаде следното: „За жал, меѓународните организации го изоставуваат од вид тоа што го прави режимот на Пашинјан. Диктатурата е дојдена во положба на официјална политика во Ерменија. Доколку меѓународната заедница не го сопре овој глупав диктатор, ќе го сопре Азербејџан. Азербејџан ќе му го покаже местото и повторно ќе го воспостави својот територијален интегритет.“



Слични вести