Загубите на Ерменија, над 550 војници

Во рамките на судирите во близината на селото Талиш кај Тертер беше убиен командантот на непријателскиот воздушен баталјон потполковникот Лерник Бабајан

1498664
Загубите на Ерменија, над 550 војници

Азербејџан соопшти дека вкупната загуба на ерменската војска во вчершаните судири изнесува над 550 војници меѓу кои има мртви и повредени.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, меѓу тешките загуби на ерменската војска се наоѓаат 22 тенкови и други оклопни возила, 15 противвоздушни ракетни системи ОСА, 18 беспилотни летала, 8 топовски проектили.

Во соопштението беше истакнато дека над 550 непријателски војници биле убиени и повредени. Исто така беа уништени 3 непријателски складишта за оружје.

Во рамките на судирите во близината на селото Талиш кај Тертер беше убиен командантот на непријателскиот воздушен баталјон потполковникот Лерник Бабајан и голем број воен персонал под негова команда претрпеа тешки загуби. Некои ридови и возвишенија околу селото Талиш беа исчистени од непријателските сили.

Министерството сподели и фотографии на ерменските војници кои загинаа во нападите, а кои беа снимени од воздух.

Азербејџанската војска со ракетните системи и топовските истрели нанесе тежок удар на ерменските воени позиции, поради што ерменските сили беа принудени да се повлечат.

Како последица на големиот број повредени војници кај непријателската војска, во воените и градските болници владеат големи тешкотии околу приемот на повредените и леглата, а исто така се соочуват со проблеми за резервна крв. Како и секогаш, ерменската војска од народот ги крие вистинските воени загуби.

Од друга страна пак, Азербејџан ја предупреди ерменската војска која продолжува да отвора оган врз цивилните населени места.

Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека ерменската војска почнувајќи од раните утрински часови отвори оган врз градот Тертер. Затоа последен пат ја предупредуваме Ерменија. И ние ќе отвориме оган со цел да преземеме превентивни мерки.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев ја потпиша уредбата со која се прогласува делумна мобилизација во земјата.

Според одлуката, ќе почне спроведувањето на мерките за пренесување на воените  резервисти и мобилизацијата на граѓаните на претходно утврдените места.

Претседателот Алијев решавањето на сите прашања го префрли на Советот на министрите.

Меѓудругото Азербејџан соопшти дека ги суспендира сите авионски летови освене летовите со Турција.

Судирите на ерменско-азербејџанската прва линија на фронтот започнаа по вчерашните ерменски истрели на азербејџанските населени места во утринските часови.

Врз база на тоа, азербејџанската војска започна контранапад и ослободи некои окупирани места.



Слични вести