Во Азербејџан и Ерменија прогласена воена состојба и општа мобилизација

Во рамките на воената состојба ќе се спроведе и полициски час кој ќе важи од 21.00 до 06.00 часот

1498341
Во Азербејџан и Ерменија прогласена воена состојба и општа мобилизација

Азербејџан прогласи воена состојба.

Советникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџијев рече дека воената состојба во земјата ќе започне на 28 септември воо 00.00 часот според локално време и ќе важи во градовите Баку, Генџе, Сумgајит, Јевлах, Мингечевир, Нафталан како и општините Апшерон, Џебраил, Фузули, Бејлекан, Агдам, Тертер, Гојгол (Ѓојѓол), Дашкесен, Гедебеј, Товуз, Шамкир, Казах и Агстафа.

Во рамките на воената состојба ќе се спроведе и полициски час кој ќе важи од 21.00 до 06.00 часот.

Вчера во раните утрински часови, на азербејџанско-ерменската прва линија на фронтот, по отворањето оган од страна на ерменските сили на азербејџанските цивилни населени места, избувнаа судири.

Азербејџанската војска започна контранапад и ослободи неколку населени места.

Од друга страна пак, Ерменската влада како последица на случувањата во Нагорно Карабах во земјата прогласи „воена состојба“ и „општа мобилизација“.



Слични вести